Како што соопшти претставник на „Главкосмос“, ова е најголемиот во историјата на Русија број на истовремено лансирани сателити.
Засекогаш млад: 62 години на космодромот Бајконур
„Ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ треба да го изнесе во отворена орбита главниот блок со вселенското летало „Канопус-В-ИК“, група од 72 мали сателити и блокот за забрзување „Фрегата“, изјави соговорникот на агенцијата. Тој додаде дека лансирањето беше 09:36 по московско време.
Претходно овој рекорд ѝ припаѓаше на ракетата-носач „Днепар“. Во 2014 година од полигонот Капустин Јар таа изнесе 36 сателити во орбитата.
Во средината на февруари оваа година рекордот го сруши Индија. Таа лансираше ракета PSLV-XL со 104 сателити, пренесува „Росијскаја газета“.