Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Кремљ нема информации за претстојни напади со хемиско оружје во Сирија

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ нема никакви информации за претстојни хемиски напади во Сирија.

„Не ми е позната каква било информација за опасност од употреба на хемиско оружје. Со точна информација не располагам, мислам дека моите колеги од специјалните служби и Министерството за одбрана, ако имаат, ќе ја споделат таквата загриженост“, изјави Песков, коментирајќи ја изјавата на Белата куќа во врска со наводните потенцијални докази кои ги има американската администрација дека владата на Сирија подготвува хемиски напади. Тој додаде дека претходно повеќепати беа документирани случаи на примена на хемиско оружје од страна на милитантите-терористите на ИД и другите групи, затоа, веројатно, потенцијалната опасност од повторување на слични ситуации постои.

Рускиот „Триглав змеј“ го ослободува Дамаск од терористите

Што се однесува на соопштението на Белата куќа, Песков забележа дека Кремљ слушнал за тоа. „Ние не знаеме што е причината за ова“, додаде тој. „Се разбира, ние категорично не се согласуваме со формулацијата „уште еден напад“, бидејќи како што знаете, и покрај сите барања на руската страна, непристрасна меѓународна истрага на претходната трагедија со примена на хемиски отровни материи не беше спроведена и соодветно на тоа ние не сметаме дека е можно да се префрла одговорноста врз сириските вооружени сили“.

Портпаролот на рускиот лидер потсети дека Кремљ постојано се држи до линијата и ја брани тезата дека без истрага да се обвинува Башар Асад „не е можно, не е легитимно и е апсолутно не е точно од аспект на постигнување на крајната цел за сириското решение“. „Се разбира, некакви закани за легитимното раководство на  Сириската Арапска Република ние, исто така, ги сметаме за неприфатливи“, изјави Песков, нагласувајќи притоа дека Русија, исто така, ја смета за „апсолутно недопустлива и неприфатлива употребата на хемиско оружје“, пренесува ТАСС.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus