Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Промовиран каталогот „По еден пат со светот - Русија и Македонија“

Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност ЕЛИТА денеска одржа промоција на руско-македонскиот каталог „По еден пат со светот – Русија и Македонија“ во кој се акцентира традиционалната храна.

Исто така, истакнати се и македонските природни убавини, ресурси и потенцијали.

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак изјави дека каталогот претставува ефикасен начин за информирање на Русија и на сите земји од Евроазиската унија за трговските, економските, инвестициските и туристичките потенцијали на Македонија.

„Каталогот стана своевиден мост кој уште повеќе ги зближува нашите две традиционално пријателски земји. Објавувањето на овој каталог стана одличен подарок за сите кои се заинтересирани за натамошно унапредување на заемно корисната соработка меѓу Русија и Македонија“, изјави амбасадорот Шчербак.

Македонија и Русија ќе организираат Денови на културата

Тој посочи дека неисцрпни се можностите за соработка меѓу двете земји особено во енергетиката, земјоделството и туризмот и изрази надеж дека неодамнешната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Москва ќе даде поттик кон натамошното унапредување на соработката.

„Пред неколку дена беше формирана нова Влада во Република Македонија. Се надеваме дека тоа ќе поттикне скорешно возобновување на Руско-македонската меѓувладина комисија за трговско, економска и научно-техничка соработка“, рече Шчербак.

Тој, исто така, додаде дека Русија е отворена за соработка со Македонија и дека ќе направи се што е во нејзина моќ таа да се унапредува.

Упатувајќи честитки за европската шампионска титула до македонскиот ракометен клуб „Вардар“ и до сопственикот на клубот Самсоненко, амбасадорот изрази надеж дека никој нема да се осмели да каже дека оваа победа и објавувањето на каталогот се мешање на Русија во внатрешните работи на Република Македонија и оти претставуваат закана за земјата.

Од своја страна, претседателот на Македонско–руската стопанска комора Дејан Бешлиев изрази надеж дека каталогот ќе биде вистинска реклама за вредностите со кои располага Македонија, пренесува ТВ „Нова“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus