Во Северна Македонија не се проблем законите, туку тоа што државата го толерира загадувањето на големите постројки, особено во енергетскиот сектор, вели во разговор за РСЕ Давор Пехчевски. Тој е координатор за енергетика во граѓанската мрежа (Bankwatch) од 17 организации во 14 земји од Централна и Источна Европа и Кавказот кои следат проекти финансирани со јавни пари.