Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Гаши: Мнозинството е стабилно, ќе работиме со полн капацитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска (27 мај) посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет.

„Мнозинството е стабилно. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од „Влен“. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет“, изјави Гаши одговорајќи на новинарско прашање, пред почетокот на Балканскиот Самит на Алумни Асоцијацијата.

Прашан кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши одговори дека најпрвин премиерот треба да го предложи новиот министер, тој предлог да биде ставен на дневен ред и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.

„Како што знаете, и по Закон и по Деловник, предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред предлогот, тој предлог веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе ја ставиме на првата наредна седница“, посочи Гаши.

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити синоќа пред седницата на Централното претседателство на ВРЕДИ соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција. Тој исто така кажа дека Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење.

Откако пратеникот Салим Сулејмани, од крилото на АА на Таравари, си поднесе оставка и се повлече од пратеничката функција, сега Алијанса на Албанците има 5 пратеници во актуелниот парламентарен состав, од вкупно 14 колку што има коалицијата ВРЕДИ.

Несогласувањата во коалицијата ВРЕДИ почнаа пред повеќе од еден месец кога Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговите коалициските партии во ВРЕДИ го обвинија за соработка со опозициската ДУИ и одлучија коалицијата да стане партија, но без Алијансата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus