Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Новата 2025 прва ќе ја дочека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година.


Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време).


Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Музичката програма во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.


„Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19:30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20:30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 часот, и „Нокаут“ од 23:30 часот.




Под мотото „Скопска новогодишна приказна“, дочек организира и Општина Кисела Вода, на платото пред спортската сала „Расадник“. Општината организира целодневна програма за сите генерации. На концертот, кој ќе почне  во 20 часот, ќе настапат „Куку Леле“ „ДНК“, Врчак, Влатко Лозановски. Водител на вечерта ќе биде Игор Џамбазов, кој и ќе настапи со „Гуру Харе бенд“.


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека сите скопјани се добредојдени на организираниот пречек на Новата година кој, како што вели,  „ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија“.


Покана до сите жители на Скопје прати и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најавувајќи „новогодишна атмосфера од 12 часот до утринските часови на плоштадот во општината, со богата ромска музика и песна“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus