Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Одложено судењето за „Организатори на 27 април“, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски. 


Како што информираат од Кривичен суд за МИА, Судот мислењето го доставил до странките во постапката и рочиштето се одложило за 23 јануари до кога треба да одлучи по барањето на странките и мислењето на обвинителство.


Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за МИА потврдија дека го дале мислењето по упатства од Апелациониот суд кој во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година. Оттаму најавија повеќе детали во текот на денот.


Претходно, обвинетите кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, поднесоа барање до Основниот кривичен суд да одлучи по поднесокот за амнестија, без да се изведуваат материјални и вербални докази.




Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, тогаш информираше дека во поднесокот обвинетите навеле дека е потребно Судот да донесе решение за примена на Законот за амнестија, бидејќи веќе има воспоставено таква пракса, односно Кривичниот совет во 2018 година има донесено решение за амнестија во тек на главна расправа, во фаза на доказна постапка, и не се чекало завршување на доказната постапка. 


„Во прилог е доставено решение на Кривичен совет, Одделение за организиран криминал и корупција, од 20.12.2018 година со образложение дека решението било донесено во текот на главна расправа, во фаза на доказна постапка и не се чекало завршување на доказна постапка. На Јавното обвинителство ќе му доставам примерок од ова решение, како и примерок од поднесокот… Јас го разгледав поднесокот и вистина е дека донесено е решение за амнестија во текот на доказна постапка, не само за обвинетиот во наведениот случај, туку и за други обвинети, меѓутоа јавниот обвинител нека се произнесе и нека даде мислење, со оглед на тоа дека овој поднесок го примивме во текот на денешниот ден“, посочи судијата Трпков.




Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење. 


Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“. Шест  ипол години казна затвор доби поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека екс директорот на УБК Владимир Атанасовски доби шест години казна затвор.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus