Министерството за образование објави дека се направени измени во актуелната концепција за основно образование кои ќе се применуваат од следната учебна година. Според нив историја, географија, биологија, физика и хемија се враќаат како посебни предмети во наставата за основците. Од моменталната концепција се задржуваат дополнителните и додатни наставни обврски како и изборните предмети, преку кои учениците ќе може да стекнуваат повеќе знаења и вештини.