Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Рокас: Постои огромен моментум во однос на проширувањето што треба да се искористи

Постои огромен моментум во однос на проширувањето кое е приоритет на Европската унија (ЕУ) и што треба да се искористи. Да ги почекаме резултатите од самитот ЕУ - Западен Балкан, изјави амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Михалис Рокас на новинарско прашање за очекувањата од дипломатските активности на македонската влада  на самитот најавен за 18 декември во Брисел, во однос на деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија. 


„Како што знаете, ќе се одржи многу важен самит помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, меѓутоа истовремено има и бројни активности, т.е. билатерални средби кои се одржуваат во самиот момент. Мислам дека треба сите да почекаме да ги видиме кои се резултатите од овој важен самит. Навистина се надеваме, имајќи ја предвид многу јасната порака која ЕУ постојано ја потенцира дека процесот на проширување останува приоритет за ЕУ“, рече Рокас во одговор на новинарско прашање по акција за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош на 18 декември. 



Според него, она што во моментов е потребно е напорна и посветена работа од сите во земјава на Реформската агенда усвоена од Владата.




Средбата во Брисел со лидерите на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Косово и Црна Гора е можност да се разговара за „нов моментум“ за стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, како да се продлабочи и да се придвижи кон заедничка иднина во Европската унија, според Европскиот совет.


За време на вечерата, се очекува да се разговара за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат и ЕУ и Западен Балкан.


Ова ќе биде прв самит со кој ќе претседава Антонио Коста, новоизбраниот претседател на Европскиот совет.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus