Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ЕК ја стопираше исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија

Европската комисија реши да ја стопира исплатата на втората транша за Бугарија во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост во износ од 653 милиони евра, поради неспроведувањето на предвидените реформи. 


Во соопштението на Европската комисија се посочува дека исплатата на овие средства е суспендирана на шест месеци, бидејќи Бугарија не ги исполнила своите преземени обврски поврзани со реформи во енергетиката, борбата против корупцијата и јавните набавки. 


Сега Бугарија има рок од еден месец да одговори на оценката на Комисијата за причините за блокирање на средствата.


Станува збор за втора рата од вкупните средства во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост, според кои Бугарија има право на грантови во износ од 5,69 милијарди евра. 


Од оваа вкупна сума Софија доби само 1,37 милијарди евра во првата транша, а доколку работите се одвива според планираната динамика на реформи, ЕУ ќе требаше досега да и исплати 4,3 милијарди евра. 


Доколку бугарските институции не ги спроведат планираните реформи во рок од шест месеци, ЕК би можела да одлучи да ги намали вкупните средства наменети за земјата во рамки на Планот. 


Се проценува дека суспендирањето на исплатата на овие средства ќе предизвика нова „дупка“ во буџетот на Бугарија за 2024 година, во услови кога земјата прави напори за ограничување на буџетскиот дефицит на ниво од три отсто со цел да се приклучи на Еврозоната во 2025 година. 


Меѓу забелешките од ЕК е онаа поврзана со одлуката на бугарското Собрание за блокирање на реформите за либерализација на енергетскиот пазар, поради стравувањата дека ваквиот потег би резултирал со наглото зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата во земјата. Со блокирање на овие реформи  останува во сила целосната државна регулација на енергетскиот пазар во Бугарија, иако земјата се обврза за негова целосна либерализација до крајот на 2023 година. 




Втората неспроведена обврска се однесува на поттикнување и промоција на производство на електрична енергија од обновливи извори, кампања која е цел на жестоки напади во социјалните медиуми во Бугарија, зад која се оценува дека стои проруската пропаганда. 


Третата неисполнета реформа е поврзана со усвојувањето на патоказот за климатска неутралност, според чиј нацрт до 2038 година би требало да бидат затворени термоцентралите на јаглен во земјата. Усвојувањето на патоказот беше блокирано од страна на пратениците од проруската националистичка партија Преродба и на популистичката Има таков народ (ИТН) на последната седница на претходниот состав на Парламентот. 


ЕК и забележува на Бугарија и поради неспроведувањето на реформите поврзани со борбата против корупцијата, вклучително и неизборот нов претседател и членови на антикорупциската комисија. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus