Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Обвинителството побара притвор за тројца приведени за сквернавење на македонското знаме

Мерка притвор за три полнолетни лица побара Основното јавно обвинителство Скопје, откако поведе постапка против нив за кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. Постапката против приведеното малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата, соопшти Обвинителството.


На одбележувањето на денот на албанското на 28 ноември, имаше сквернавење на македонското знаме што предизвика стравувања за подгревање на меѓуетничките тензии во државата.



„Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност“, е наведено во соопштението од скопското Обвинителство.


Во бројните видеа кои се споделуваат на социјалните мрежи, може да се забележи како лица го симнуваат државното знаме, го кинат и шутираат со нозе. Инцидентот за кој се тврди дека се случил во Скопје, во близина на Бит пазар, предизвика лавина реакции од граѓани, како и осуда од сите политички актери.






Министерстот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека  уапсени се осум лица од кои четири МВР ги гони за кривично дело предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. За ова дело предвидена е казна од најмалку една година затвор. Осомничените се млади лица на возраст од 18 до 21 година, а има и еден малолетник.



„Еден од овие луѓе е фатен како се обидува да запали знаме, друг како го симнува знамето“, рече Тошковски додавајќи дека во расчистување на овој инцидент им помогнале токму снимките од социјалните мрежи.



Останатите четворица, пак, кои биле приведени во текот на изминатата ноќ, според информациите од полицијата, се за учество во тепачка. Тошковски најави дека ќе има и други апсења и повика граѓаните да помогнат со доставување видеа, фотографии, изјави итн.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus