Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Од утре редовен возен ред на ЈСП, Владата ќе позајми нафта за седум дена

Од утре ќе биде нормализиран автобускиот превоз во Град Скопје, а по интервенцијата на Владата, ќе има нафта од државните резерви за следните седум дена. Ова беше најавено на вонредната седница на Советот на Градот Скопје, по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.


Градоначалничката Арсовска вели дека кризата во ЈСП не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради тоа што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.


„Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме“, тврди Арсовска.


Таа посочи дека денеска во рекордно време од Бирото за јавни набавки успеале да добијат одобрение за директна спогодба за да може ЈСП во вакви услови да испреговара и да се снабди со овој енергенс. 


„Сè што треба градот Скопје да направи во рок од тие седум дена е да направи постапка за јавна набавка за гориво до Бирото за јавни набавки. Секако Бирото тоа би го одобрило доколку е сè во ред за да нема проблем како што настана овие неколку денови“, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, пред седницата.




Претходно, ЈСП се снабдуваше со гориво од нафтената компанија Пуцко петрол, но оттаму за Телма велат дека немаат повеќе обврска да го прават тоа и дека долгот кон нив достигнал 10 милиони евра. Договорот со оваа компанија беше склучен во 2022 година, и тогаш во јавноста се крена „прашина“ затоа што ЈСП потпиша двегодишен договор со кој требаше да да набави гориво од нив во вредност од 27 милиони евра, по 118 денари за литар, иако цената во мало продажба тогаш изнесуваше по 90 денари за литар.


Вчера и денеска на скопските улици, поради недостигот на нафта, сообраќаа по триесетина автобуси на ЈСП, а граѓаните со часови чекаат автобус.


Ова не е прв пат, скопјани да имаат проблем со јавниот превоз. Во февруари годинава, за прв пат Скопје остана цел ден без јавен превоз, затоа што вработените во ЈСП стапија во штрајк поради неисплатени плати. Претходно во 2022 година неколку дена штрајкуваа и приватните превозници затоа што градот со месеци не им исплаќаше за извршената услуга.


Арсовска стана градоначалничка со поддршка од сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија има има мнозинство во Советот на Град Скопје. Откако им се разидоа патиштата уште во првата година од мандатот на Арсовска поради несогласување за пречистителната станица, сега меѓусебно се обвинуваат кој ги кочи проектите за да се нормализира јавниот превоз во Скопје.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus