Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Вицепремиерот за добро владеење Фетаи бара истрага по порака со смртна закана

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана. 


Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел. 


„За жал, како што информирав синоќа, по мојата изјава за медиумите заедно со европскиот амбасадор Михаилис Рокас, на мојот мејл примив закана со смрт за еден дел од изјавата која се однесуваше на промена на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. Ми се заканија со куршум во главата и примам пораки од типот „Добар Албанец, мртов Албанец“, дека „ќе бидат убиени сите Албанци“ и дека „20 отсто никогаш нема да се укине во Уставот“, истакна Фетаи. 




Тој додаде случајот го пријавил веднаш и му се јавил телефонски на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со цел МВР да ги преземе неопходните мерки. 


„Ќе побарам и зголемување на безбедноста, што се однесува до моето лично обезбедување од надлежните министерства. За пораката го известив и премиерот и ќе ги преземам сите неопходни мерки, вклучувајќи идентификација на заканувачот и тужба, бидејќи како што знаеме со нашите закони, такви постапки, такви закани, се казнуваат со од шест месеци до пет години затвор, рече вицепремиерот за добро владеење. 


Фетаи порача дека авторот на оваа закана ќе биде идентификуван и ќе добие заслужна казна, согласно законските одредби што се во сила, бидејќи, според него, преку такви закани не смее да се преминува, особено кога, како во овој случај, станува збор закана кон за вицепремиер.  


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus