Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Мицкоски: Кривичниот законик ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем

По забелешките на Европската комисија во извештајот за Северна Македонија за Кривичниот законик, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тој ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем, но дека „тоа не го решава проблемот со „криминалците“ од изминатите седум години“.


Во однос на Кривичниот законик и тргањето на спорните членови, премиерот вели дека политичките криминалци го направиле за себе за да се заштитат.




„Сега најригорозен, гиљотина да донесеме тие ќе се повикаат на овој што ќе ги амнестира, бидејќи тие однесоа стотици милиони ваши пари, народни пари“, рече Мицкоски.


Премиерот вели дека криминалците  не успеале за се да се амнестираат, најавувајќи дека деновиве јавноста ќе слушне. 


„Политичките криминалци во изминативе години ги заробија институциите, а во меѓувреме купуваа трговски центри и дуќани во центарот на главниот град, ја распродаваа државата и правеа грешки. Ние такви грешки нема да правиме, и ние кога ќе седнеме на маса ќе преговараме до крајно решение, не само еден чакор да направиме. Не сакаме вас граѓаните да ве држиме како заложници“, рече Мицкоски.


Во извештајот за напредокот на Северна Македонија, Европската комисија оценува дека измените на Кривичниот законик од септември 2023 година „ја ослабнаа правната рамка негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, порачувајќи дека земјава во следната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди“.


Според ЕК, земјава во наредната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus