Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Почна изборната кампања во Романија

Предизборната кампања за претстојните парламентарни избори во Романија започна на полноќ и ќе заврши на 30 ноември во 7:00 часот по локално време.


За време на овие 30 дена, партиите, коалициите и независните кандидати ќе се обидат да ги убедат гласачите да им дадат поддршка на 1 декември. Гласањето ќе се совпадне со Националниот празник на Романија и ќе се одржи помеѓу двата круга од претседателските избори (24 ноември и 8 декември).


Во однос на кампањата, забрането е користење на возила со изборни слогани. Секоја политичка партија, коалиција или организација на граѓани што учествуваат на изборите, како и независни кандидати, можат да постават најмногу два изборни постера на едно табло.


Забранети се постери со комбинација на бои што го репродуцираат знамето на Романија или на друга држава, соопштува Централната изборна комисија. Според законот, секој кандидат може да потроши максимум 44.000 евра за кампањата, пренесува Евроњуз.




Најмногу кандидати има најголемата партија во романскиот парламент - Социјалдемократската (639), по неа следат националистичката СОС Романија (636), Национално-либералната (630), националистичката „Алијанса за единство на Романците“ (621), „Силата на десницата“ (619), Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (596) и опозициската „Сојуз за спас на Романија“ (589). Вкупно 31 политичка формација поднесе кандидатури, како и 19 организации на малцинствата, соопшти Централната изборна комисија.


Рекорден број избирачки места ќе бидат отворени во странство-950, што е 35 повеќе во споредба со изборите од 9 јуни, кога Романците ги избираа претставниците за Европскиот парламент и за локалната власт.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus