Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Обвинителството отвори предистрага за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Обвинителството отворило предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата на национална безбедност, откако во јавноста се отвори сомнеж за сертификатите коишто ги поседува за да ја извршуваа функцијата.  Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека до нив пристигнале две анонимни пријави, кои се споени во една, а предметот е веќе распореден кај јавен обвинител.


Предмет за назначувањето на Христовски, претходно отвори и Антикорупциската комисија, која во моментов ја прибира потребната документација.


Обвинителството веќе постапувало во случаи кадешто предмет на проверки биле токму сертификати издадени од оваа школа, за што се изречени и пресуди. Две директорки кои употребиле ТОЕФЛ-сертификат од истата компанија од Бугарија од каде што е сертификатот на Христовски, признале вина дека документот им е фалсификат и се осудени на по две години затвор, казна која нема да се изврши ако не сторат кривично дело во следните четири години. 




Обвинителството неодамна соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија, а одлуката на ДКСК ја чека и премиерот Мицкоски. 




Владата на седница на 16 октомври го разреши дотогашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски.


Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.


Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата меѓу партијата и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus