Скопјани со месеци се жалат на нередовниот градски превоз, а стравуваат дека хаосот ќе биде поголем со почетокот на новата учебна година. Чекаме со саати, вака е секој ден, назад не знам колку месеци – катастрофа, велат дел од граѓаните во анкетата на РСЕ.