Сања Богдановска е една од ретките жени кои седнале зад воланот на градски автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Веќе 12 години, оваа 42-годишна скопјанка претежно вози на линијата со број 13. Од блиските и од колегите добива поддршка, но од некои учесници во сообраќајот, вели, и стереотипни погледи и коментари. Храбрата Сања дополнително ја охрабруваат позитивните реакции на жените околу неа.