Енергетската криза се стабилизира, но техничката Влада одлучи државниот производител ЕСМ да му продава помала количина на струја на ЕВН Хоум, но за повисока цена. Со тоа може да пораснат и сметките за струја за домаќинствата, велат експерти. РКЕ следната недела ќе одреди каква ќе биде новата цена на струјата.