Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Кралот на криптовалутите од Јужна Кореја уапсен во Црна Гора

Црногорската полиција на аеродромот во Подгорица го уапси јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој е осомничен дека предизвикал загуба на повеќе од 40 милијарди долари од колапсот на компанијата основач на криптовалутата Тера.



Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, на својот Твитер профил соопшти дека уапсеното лице е „еден од најбараните“ бегалци, ко-основач и извршен директор на „Terraform Labs“, со седиште во Сингапур.


Аџиќ изјави дека чека официјална потврда за идентитетот и појасни дека До Квон го бараат САД, Јужна Кореја и Сингапур.




По него беше издаден налог за апсење во Јужна Кореја, лани во септември кога  урна криптовалутата Тера. Тој е осомничен и за измама од 40 милијарди долари откако пропадна компанијата што ја основал.



Во текот на минатата година имаше сомнежи дека До Квон извесно време се криел во Србија, но овие наводи никогаш не беа потврдени.



Како што претходно објави Радио Слободна Европа, До Квон е еден од основачите на „Teraform Labs“. Тој ја основал компанијата, според Форбс, користејќи блокчејн технологија „за да развие поефикасен систем за плаќање“.



Криптовалутата привлече 40 милиони корисници кога беше лансирана во јануари 2018 година“, се вели во кратката биографија на До Квон на веб-страницата Форбс.




Покрај криптовалутата Тера, беше создадена и Луна. И двете пропаднаа лани во мај, кога нивните цени паднаа на близу нула, погодувајќи го поширокиот крипто пазар.  Пред колапсот, максималната цена беше 116 долари, пред да падне на 0,0002 долари.



По пропаѓањето на компанијата, светските медиуми објавија дека инвеститорите изгубиле околу 42 милијарди долари, додека некои ги загубиле животните заштеди, поради што јужнокорејските власти покренаа неколку кривични постапки.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus