Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Бербок од Скопје: Промената на Уставот да не стане политичко јаболко на раздорот

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која денеска е во официјална посета на Скопје, изрази задоволство од евроинтеграциите во земјава и порача дека треба да се искористат сите расположливи средства за тие да продолжат.


На заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи таа истакна дека се свесни за направените компромиси, прво со Грција, а сега со Бугарија.




„Знам дека договорот што го постигнавте со Бугарија не беше лесен за вас и затоа им се обраќам на сите оние луѓе кои се уште чувствуваат некаква нелагодност во однос на тоа. Уставот не е нешто што се менува постојано, туку тоа се важни чекори и затоа и можам да разберам дека се дебатира за тоа - особено кога станува збор за сопствениот идентитет и сопствената историја, јазик и култура“, рече Бербок.



Според неа, затоа е многу важно „во вакви моменти кога станува збор за сопствениот идентитет да не се водат црно-бели дебати, туку да се зборува поинаку во политиката“. 



Македонија, по двегодишното бугарско вето, лани ги започна преговорите за влез во ЕУ, но со услов дека мора да ги внесе Бугарите во својот устав.


Како што истакна Бербок, договорената промена на Уставот не смее да стане политичко јаболко на раздорот во натпреварот за популарност во анкетите на партиите.




Османи, од своја страна, посочи дека германската министерка доаѓа во клучен период за земјава, кога Севера Македонија претседава со ОБСЕ и со две регионални платформи оваа година, што зборува, како што истакна, за новата регионална позиција на земјава.


Според него, 2030 е амбициозна, но остварлива цел за интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus