Почина шестгодишно девојче донесено на преглед во Битолската болница
Според изјавите на неговите блиски, детето во болницата дошло поради повишена температура и дијареја, при што му била дадена инфузија.
Светото тројство во здравството - недостиг на лекари, опрема и пари
ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги известила обвинителството и полицијата за службено да постапат во случајот. Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.
Семејството се сомнева на несоодветен третман, со оглед на тоа што детето претходно немало здравствени проблеми.