Македонското здружение за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори, со загриженост ги следи настаните на северниот дел на Косово после напуштањето на државните институции од поголемиот дел на полициски службеници и вработени во административните служби.
ЕУЛЕКС ќе се ангажира само по барање на косовската полиција
Во нивното соопштение е наведено дека Советот смета дека лидерите на Србија и Косово треба тесно да соработуваат со меѓународната заедница, со Европската Унија и со САД за да се смират тензиите. Во продолжение е наведено дека Советот смета оти претставниците на Србите треба да се вратат на работните места во државните институцiiи, а косовските лидери да ги почитуваат насоките на европските лидери и на САД за продолжување на рокот за примена на одлуките за замена на табличките.
Според македонскиот Совет на абасадори претставниците на Србија и Косово треба што поскоро да се вратат на преговарачката маса и преку француско-германскиот план да дојдат до мирно, разумно и одржливо решение за постоечките проблеми сé до конечен договор.
ЕУ ги повика Србија и Косово на деескалација на ситуацијата
Советот на амбасадори проценува дека заострувањето на состојбите во овој дел на Балканот, може да го дестабилизира и регионот на Југоисточна Европа, со пошироки последици и за целиот Европски континент, се вели во нивното соопштение.