Во изминатото деноноќие се регистрирани 178 нови случаи на коронавирус во земјава, а четворица луѓе починале. Направени биле 1238 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Двајцата починале во изминатите 24 часа, а уште двајца починати се регистрирани во периодот од 13 до 23 јули, но сега биле пријавени.
„Живеење со ковид“: Каде може да оди пандемијата?
Регистрирани се 592 оздравени.
Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а на активни случаи изнесува 4.116.
Хоспитализирани се 161 лица, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.