За најновиот развој на билатералните односи меѓу Скопје и Софија и за претстојните активности во Бугарија денеска телефонски разговарале претседателите на двете земји Стево Пендаровски и Румен Радев.
„Претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период“, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на шефот на државата Пендаровски.
Двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период, се наведува во соопштението.
Македонската влада во вторник во Софија
Неделава бугарскиот премиер Кирил Петков ја посети Македонија, а на 25 јануари во Софија треба да се одржи заедничката седница на владите на Македонија и на Бугарија.