Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Ковачевски-Брнс: Да се интензивира економската соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнс, која му посакала успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои и соработката со САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата.



На средбата меѓу премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнс станало збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Северна Македонија.


Од Владата соопштија дека на средбата било истакнато дека за Вашингтон Северна Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока „од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ“.



Ковачевски ќе има многу работа ако успее да го одржи мнозинството


„Амбасадорката Кејт Мари Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ“, се наведува во соопштението од владината прес служба.

 

Меѓудругото, премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласил дека најавената официјална посета на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на членовите на неговата Влада за 18 јануари, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus