Од 19 јануари нов режим за влез во Бугарија
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.
„До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа“, наведува МНР.
Бугарските болници преполни со ковид пациенти
Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.