До полицијата во Тетово е поднесена пријава дека од Клиничката болница едно лице го земало телото на неговата мајка која починала од Ковид-19. Настанот, според полицијата, се случил на неколку минути пред полноќ.
„Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „Форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од Ковид -19 и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.
Заврши обдукцијата на починатите во пожарот во Тетово
Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот од Ковид центарот информираат дека имале само смртен случај како последица на коронавирус.
Во пожарот во ковид центарот во Тетово загинаа 14 лица. Во моментот на несреќата во просториите имало вкупно 26 лица. Истрагата се уште трае.