Во обид да ги врати децата во училниците, кубанската влада започна да вакцинира двегодишни деца против ковид 19, објавија државните медиуми во таа земја. Додека другите земји велат дека на крајот ќе вакцинираат деца, Куба е првата што им даде на малите деца вакцина против ковид 19.
Во септември, таа објави дека нејзините домашни вакцини се безбедни за малите деца.
За време на пандемијата во Куба, повеќето училишни часови беа прекинати. Наместо да одат на училиште, децата секој ден гледаат едукативни програми на телевизија. Домашниот интернет се уште е реткост во комунистичката држава.
Куба во голема мера се фокусираше на развој на домашно произведени вакцини, наместо да се потпира на лекови од други земји. Локалните научници тврдат дека кубанските вакцини се безбедни и ефикасни, но засега малку детали им се познати на надворешните набудувачи.
СЗО ги повика богатите земји да не даваат трета доза вакцини против ковид-19
Вакцините драматично го намалуваат ризикот од долг ковид-19
Денеска почнува вакцинирањето на пријавените деца
Владата во Хавана соопшти дека ќе побара одобрување од Светската здравствена организација (СЗО) за нејзините вакцини. До денеска според кубанското Министерство за здравство, повеќе од четири милиони луѓе биле целосно вакцинирани.
Владата не соопшти колку деца се вакцинирани, но рече дека кампањата за вакцинација за деца започна оваа недела во провинцијата Сиенфуегос, каде здравствениот систем се соочи со сериозен недостаток на вакцини поради наглиот скок на бројот на нови инфекции и смртни случаи од ковид 19.