Белоруските власти го уапсија поранешниот белоруски амбасадор во Словачка Ихар Луашења, кој отворено ги подржувал антивладините масовни протести на кои се оспоруваа официјалните резултати од минатогодишните претседателски избори. Тој бил приведен вчера, откако бил извршен претрес во неговиот дом.
Според податоците од независна група волонтери која се занимава со лоцирање на притвореници, Луашења е сместен во озлогласениот притвор во Минск заедно со десетици други притвореници. Властите се уште не ги соопштиле во јавноста под кое обвинение е приведен поранешниот дипломат и зошто е извршен претрес во неговиот дом. Неговиот дипломатски статус беше укинат во септември 2020 година поради, како што е наведено во известувањето„ лошо однесување“.
Луашења учествуваше на протестите по изборите на 9 август и јасно се согласуваше со ставот на опозицијата дека претседателските избори се наместени. На тие избори Лукашенко го доби шестиот претседателски мандат. Тој е на власт од 1984 година. Лукашенко во изминатава година врши политички прогон на членовите на продемократските движења. Во меѓувреме Западот воведе серија на санкции кон Лукашенко и неговите најблиски што остави меѓународно изолиран.
Белорусија бара американските дипломати да си одат
САД со нови санкции против Лукашенко
ЕУ се закани со нови санкции кон Лукашенко
Денеска белоруските власти одговорија на последната рунда санкциите на САД со барање Вашингтон да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на вкупно пет луѓе. Рокот за тоа е до први септември. Министерството за надворешни работи денеска ја повлече и согласноста за именување на Џули Фишер за нов американски амбасадор во Белорусија.