Американската администрација планира да донира 500 милиони дози вакцини Фајзер против корона вирус на скоро сто земји во следните две години.
Соединетите Држави годинава ќе купат 200 милиони дози, а 300 милиони дози во првата половина на следната година и сите ќе ги донираат на сиромашните земји, од кои 92 милиони на Африканската унија, пишува Си-Ен-Ен.
Соединетите Држави беа под притисок да ги зголемат стапките на вакцинација во сиромашните земји. Белата куќа сè уште официјално не го коментира планот за дистрибуција на 500 милиони дози ширум светот. На прашањето дали американската влада има стратегија за вакцинација за целиот свет, Бајден изјави: „Го имам и ќе го објавам“.
Донациите ќе се одвиваат преку програмата која е наменета за снабдување со вакцини на неразвиените земји. Иницијативата е поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ).
Половина возрасни Американци вакцинирани против Ковид 19
Во ЕУ започнува вакцинирање против ковид-19 за адолесценти
Минатата недела, администрацијата на САД го објави својот план да ги сподели првите 25 милиони дози на вакцини против ковид 19 со остатокот од светот и вкупната рамка на дистрибуција од најмалку 80 милиони дози до крајот на јуни.