Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Рашковски оди во куќен притвор

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. Обвинителството пак бараше ефективен притвор.


Покрај Рашковски, во куќен притвор оди и Даниел Станчески, сопственик и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот. Преку соопштение до јавноста Судот ја правда својата одлука за куќен притвор со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор.


„По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените воприсуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација. Имено во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопштија од Кривичниот суд.


Другите две лица за кои се бараа мерки за претпазливост дополнително ќе бидат повикани на распит во Кривичен суд да се произнесат по што ќе се одлучува.


Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор на Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева вели дека тие поднеле доволно докази за околностите за одредување на притвор.


„Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани“, изјави Трајчева.


Обвинителство: Постои ризик за бегство за Рашковски и Станчев


Претходно денеска полицијата ги приведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело.


„Законот важи еднаво за сите и нема недопирливи, иако Драги Рашковски беше секретар во мојот кабинет“, изјави премиерот Зоран Заев за приведувањето на поранешниот генерален секретар.


Сепак, додаде премиерот, треба да се почитува презумција на невиност и дека судот треба да го каже последниот збор, а во врска со набавката на софтверот за МВР од страна на Рашковски, за кој случај тој е приведен, Заев рече дека „таа јавна набавка била спроведена согласно со законите и деловникот за работа на Владата“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus