Организаторите на настани на протест пред Владата, бараат грантови
Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани ИВАП велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, „ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании“.
„Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс“, нагласија од Асоцијацијата ИВАП.
Оттаму најавија дека протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување, како што велат, взаемно прифатливо и одржливо решение.