Mинистерката за образование и наука, Мила Царовска оди во изолација, поради контакт со позитивно лице на ковид 19, информираат за МИА од Министерството за образование и наука.
Поради тоа се одложуваат сите нејзини најавени средби за наредните денови. Откажано е и нејзиното присуство на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, што треба да се одржи утре, а на дебатата ќе учествува претставник од Министерството за образование и наука.
Мартовско кампување пред МОН, ако нема промени во матурата
Матурантите по 12 денови го прекинаа бојкотот на наставата очекувајќи пратениците да ги донесат законските измени во согласност со нивните барања да се намалат предметите на државната матура од четири на два. Министерството за образование и наука останува на ставот дека матурскиот испит мора да се реализира според сегашното законско решение.