Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека битолската полиција до Основното Јавно обвинителство во Битола поднел кривична пријава против М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Кривична пријава е поднесена и против А. В. (33) од Белград, невработена докторка-гинеколог и сопруга на првопријавениот, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
„Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должност, ѝ овозможиле на третопријавената на 1 јануари 2021 година без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош – изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциска сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка“, соопшти МВР.
Директорот на струшката болница повикан да реферира за случајот со ординацијата
Од Министерството додаваат дека по завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 1 јануари 2021 година.