Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 509 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
На повидок вакцинација со кинеските вакцини
Полицијата и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Непочитувањето на мерката за носење лична заштита за лице, како дел од мерките за заштита од ковид-19, се казнува со глоба од 20 евра.