Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Земјите од Заливот потпишаа декларација со Катар

Воспоставени се целосните врски меѓу Катар и четирите држави кои ги раскинаа односите со Доха пред повеќе од три години, објави денеска министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија.


Саудиска Арабија ја предводеше коалиција на земји во Заливот кои ги прекинаа дипломатските и транспортните врски со Катар во јуни 2017 година, обвинувајќи го дека е премногу близу до Иран и ги поддржува радикалните исламистички групи. Овие обвинувања ,пак, Доха секогаш ги негираше.


„Она што се случи денес е вртење на нова страница и целосно враќање на дипломатските односи“, рече принцот Фаисал бин Фархан на прес-конференција на крајот на регионалниот самит во Саудиска Арабија.


Саудиските државни медиуми соопштија дека престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман се состанал одделно со владетелот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, откако двајцата јавно се прегрнаа на аеродромот.


„За време на состанокот, тие ги разгледаа билатералните односи меѓу двете братски земји и начините на консолидирање на заедничката акција во Советот за соработка во Заливот“, соопшти официјалната саудиска прес-агенција.


Водачите на шестчлениот Советот за соработка во Заливот(ГЦЦ )денеска потпишаа два документи, Декларацијата Ал-Ула, именувана по саудискиот град каде што се одржа овогодинешниот регионален самит, и последното соопштение.


Три члена на ГЦЦ - Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин - учествуваа во три и полгодишната блокада, заедно со Египет.


Катар е исто така земја-членка на ГЦЦ, заедно со Кувајт и Оман, кои останаа неутрални.


Принцот Мохамед претходно изјави дека земјите од Заливот склучиле договор што ја потврдува „ солидарноста и стабилност во регионот“.


Тој повика на единство за да се спротивстават на предизвиците со кои се соочува регионот, издвојувајќи ги „заканите што ги носи програмата за нуклеарни и балистички ракети на иранскиот режим и неговите планови за саботажа и уништување“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus