Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Носењето маска е дел од мерките за справување со ковид-19. Со измени на Законот за заштита на населението од заразни болести на сила ќе стапат и мерките за задолжително носење на заштитни маски на отворено, потоа забрана за групирања надвор на повеќе од 4 лица по 22 часот и ограничувања на собири во домашни услови, односно едно семејство да може да прими најмногу четири лица кои не живеат на таа адреса.
Нови 1182 случаи на КОВИД-19, 25 починале
Последните мерки кои се донесоа пред законските измени се економски оператори да работат до 21 часот, автобусите да возат со 50 отсто од капацитетот, а вработените во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, да работат во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.