Пет деца од градинка во Радишани се заразени со морбили. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека веројатно ќе излезат со препорака да се затвори градинката, родителите децата да не ги носат по другите градинки, туку да ги чуваат дома некое време ако евентуално биле во контакт, па се заразиле. Филипче додаде дека се во координација со Министерството за труд и социјална политика.