Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на неговиот австриски колега му кажа дека Русија неправедно се обвинува за шпионажа, откако Виена соопшти дека испитува поранешен австриски полковник за наводна шпионажа за Москва која траела децении.
Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Лавров зборувал за „несуштински обвинувања“ додека на 10 ноември зборувал на телефон со австрискиот министер за надворешни работи карин Кнајсл.
Лавров рече дела Виена треба да ги дискутира наводите приватно идиректно со Москва, а не да ги емитува јавно. Случајот за шпионажа ги оштети односите со еден од неколкуте европски сојузници и е еден од последните каде Москва е обвинета за шпионажа во земјите на ЕУ.
На 9 ноември австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерот за одбрана Марио Кунасек открија дека австриски полковник кој се пензионирал пред пет години, е осомничен дека работел за руските разузнавачки служби од 1990 година наваму.