Руските власти соопштија дека четворица државјани на земјата се наоѓаат во критична состојба во болница во Душанбе откако вчера се урна хеликоптерот во кој се превезуваа во планината Памир во Таџикистан. Според нив, четворицата руски планинари кои ја преживеаја несреќата имаат сериозни повреди.
Во хеликоптерот имало 13 лица од Русија, еден од Белорусија и еден шпански планинар. Падот на хеликоптерот го преживеале и планинарите од Белорусија и Шпанија кои исто така се хоспитализирани. Таџикистанските власти соопштија дека причината за несреќата најверојатно се лошите временски услови.