Тела на десетици авганистански војници се пронајдени во базата што талибанските борци ја нападнаа минатата недела во јужната провинција Урузган, соопштија воени власти. Гувернерот на областа рече дека досега се пронајдени и транспортирани тела на 40 војници. Но многу војници се уште се водат за исчезнати по нападот кој се случи на 3 август.
Талибанците, пак, соопштија дека во судирите во базата и на неколку контролни пунктови загинале 46 авганистански војници и дека војници не се убивани во талибанските центри за притвор.