Американското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе воведе санкции против Русија, бидејќи ја сметаат за одговорна за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија. Стејт департментот наведе дека санкциите ќе бидат воведени, бидејќи Русија користела хемиско оружје со што го прекршила меѓународното право. Санкциите треба да ги одобри Конгресот по што на 22 овој месец треба да стапат во сила. Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во бесознание во англискиот град Солзбери. Истрагата покажа дека тие биле затруени со нервниот гас новачок. Лондон ја обвини Москва, но таа демантира дека имала нешто со овој случај.