„Нема ни атом вистина во статијата на грчкиот весник „Контра вести“ во која се вели дека агенти на Москва наводно планирале немири за време на на Меѓународниот саем во Солун“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Повикувајќи се на анонимен извор од грчките разузнавачки служби во статијата се тврди дека одредени грчки банди на улични хулигани финансирани од недозволени средства на Путин подготвуваат протести во време на одржувањето наМеѓународниот саем во септември. Очигледно, авторот има богата имагинација“, оценува руското министерство. Според весникот, планирани биле протести кога Саемот ќе го посетат грчкиот премиер Алексис Ципрас, американски потпретседател Мајк Пенс, како и премиерите на балканските земји. Протестите имале за цел да го дискредитираат договорот за името меѓу Грција и Македонија.