Четири авганистански војници се убиени и шест се повредени во напад на Талибанците врз контролен пункт во западната провинција Фарах, вели локален официјален претставник.
Мохамед Насе Мехри – портпарол на провинцискиот гувернер, изјави дека нападот се случил доцна на 6 август и траел до 7 август во областа Бала Булук.
Биле повикани авганистанските воздушни сили и биле спроведени воздушни напади при што убиени се 19 талибански борци и 30 се повредени, вели Мехри.
Исто така, четири жени се застрелани и четири деца се повредени, откако биле фатени во вкрстен оган за време на борбата меѓу милитантите и авганистанските трупи во источната провинција Логар.
Според претставници на провинцискиот совет инцидентот се случил на 6 август во провинцискиот главен град Пули Алим. По нападот немаше коментар од страна на Талибанците.