Борисов: Проблемот со илегалната миграција е од политичка природа
„Денес сите зборуваат за проблемот на Грција и на Италија, но никој не ги спомнува Шпанија и Бугарија, која примени еден пристап кој покажа резултати. Ние работевме на борба против миграцијата, инвестиравме во технологија, купивме бродови“, рече Борисов.
Тој истакна дека Бугарија од ЕУ добила 150 милиони евра помош за разлика од Грција која добила 560 милиони. Исто така наведе дека границата меѓу Бугарија и Турција е со иста должина како и границата Грција - Турција, но Бугарија нема проблеми со мигрантите.