Владата на Бојко Борисов по втор пат се спаси од недоверба
Во бугарскиот парламент, од вкупно 240 пратеници, 131 пратеник ја поддржаа владата, 104 беа против, а петмина беа воздржани. Ова е второ гласање за недоверба со кое се соочи владата на Борисов, откако неговата партија ГЕРБ минатата година дојде на власт.