Хоџај: Русија го дестабилизира регионот
Според соопштението, овие ставови тој ги изнел за време на официјалната посета на Лондон, каде што се сретнал со британскиот министер за Европа и Америка, Ален Данкан и со пратеници во британскиот Парламент, а учествувал и на подготвителната конференција за лондонскиот самит за Западен Балкан, кој ќе се одржи на 9. и 10. јули, а го организира Домот на лордовите.
„Загриженост за безбедноста на Балканот предизвикуваат отворените прашања меѓу државите, но и надворешните закани, како што е, на пример, влијанието на Русија, која постојано работи во правец на дестабилизирањето на регионот. Конкретен пример за тоа е рускиот разузнавачки центар во градот Ниш во Србија“, рекол Хоџај.