ЕУ не бара од Македонија бегалски кампови, тврди Заев
„Нема никакви разговори, никој не барал од Македонја бегалски камп. Уште еднаш да напоменеме, Македонија ги следи политиките на ЕУ и НАТО затоа што гледаме дека ќе бидеме членки. Затоа, во координација со нив, во делот на евентуални нови бегалски кризи заедно како и што досега делувавме од 2015, така и сега ќе продолжиме, но никој не барал од Македонија нешто посебно околу бегалски кампови или слично“, изјави Заев на новинарско прашање.