Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села
Ѓорчев изјавил дека кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги брани, но оти не видел кога бил повреден Села, ниту кој бил напаѓачот. Тој пред Судот додал дека претспоставил оти едно лице кое лежело со лицето на подот може да е Села, но се вратил назад да ги брани пратениците. Според него, еден од обвинетите во случајот, Александар Јаневски Тошта, бил еден од оние кои застанале на вратата од прес-салата за да спречи нови демонстранти да влезат.
„Бев со Никола Тодоров и со медицинска екипа кога отидовме да го видиме села. Му реков Ќе излеземе од овде Зијадин. Го прашав која крвна група е за да биде се спремно за него во болница, едвај ми кажа и јас ја запишав на дуксерот во кој беше преоблечен Села“, рекол Ѓорчев пред Судот.
Сите обвинети за обидот за убиство на Села се изјаснија за невини.